Момче од Скопје се удави во Велешко Езеро

Откако потонало во водата, присутните почнале да го бараат, а во истиот момент повикале полиција, која, пак, ја алармирала противпожарната единица во Велес.

5,251

Момче на 28-годишна возраст попладнево се удави во водите на езерото Младост кај Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила околу 16 часот кога момчето кое било од Скопје, заедно со својот татко и уште неколкумина други луѓе, се капело во езерото во близина на бродот „Панини“.

Откако потонало во водата, присутните почнале да го бараат, а во истиот момент повикале полиција, која, пак, ја алармирала противпожарната единица во Велес.






Пожарникарите го пронашле телото околу 17 часот, а лекарите од велешката Брза помош ја констатирале смртта.

Поврзани содржини