Лекарите од „8-ми Септември“ бараат болницата повеќе да не биде Ковид-центар

Министерот за здравство Венко Филипче за Телма ја потврдил информацијата дека вчера имал средба со синдикатот на болницата „8-ми Септември“, на која присуствувал и првиот синдикалец на здравство, Љубиша Каранфиловски.

1,104

Болницата „8-ми Септември“ да не биде повеќе Ковид-центар и таа да почне да се враќа кон нормално функционирање. Вакво е барањето на лекарите и останатиот медицински персонал од болницата кои изминатите четири месеци деноноќно работат во Ковид-центарот, објави Телма.

Телма неофицијално дознава дека барањето на вработените е, за ковид пациентите да остане првиот кат каде инаку има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се врати во нормална функција за останататите пациенти и работа на лекарите.






Министерот за здравство Венко Филипче за Телма ја потврдил информацијата дека вчера имал средба со синдикатот на болницата „8-ми Септември“, на која присуствувал и првиот синдикалец на здравство, Љубиша Каранфиловски.

– Имаат легитимни барања и во овој момент тоа не е воопшто тешко или невозможно да почне да се организира. Барањата беа да се ослободи еден од зафатените катови од болницата за да може дел од вообичаената работа, особено во делот на кардиологијата, да започне да се организира онака како што се организираше и претходно. Тоа значи дека од сегашниот број кревети, 70-75 ќе продолжат да бидат наменети за пациенти заболени од ковид-19, а останатите 20 да се ослободат – вели за Телма, Венко Филипче.

Поврзани содржини