Ги потрошила парите на поранешниот сопруг за операции, а сега бара маж ФОТО

1,023

Барбара Сипос Луна (22) од Будимпешта привлекува внимание каде и да се сврти, затоа што изгледа како вистинска Барбика. „Пластичната“ русокоса од Унгарија инвестирала повеќе од 85.000 евра во својот изглед, а сите операции ги финансирал нејзиниот поранешен сопруг.

Барбара сега се обидува да заработи пари како веб-модел затоа што не може да најде нормална работа. Како што вели, каде и да почне да работи, мажите постојано ја „напаѓаат“.






Таа тврди дека работела и како рецепционер во еден објект, но дека морала да даде отказ затоа што мажите биле едноставно полудувале по неа, иако никогаш не се облекувала провокативно.

Младата Унгарка со необичен изглед вели дека ги обожавала барбиките уште од дете и дека постојано си играла со овие кукли, и дека секогаш сонувала дека кога ќе порасне, ќе изгледа како една од нив. Веќе на 17-годишна возраст, се подложила на првата операција, а потоа отишла „под нож“ уште девет пати.

Својот, сега веќе поранешен сопруг, го запознала додека работела на рецепција, а нему му се допаднал изгледот на Барбика толку многу што продолжил да ги финансира нејзините операции. Таа неколкупати ги зголемила градите, го сменила обликот на вилицата, челото, ставила силикони во усните, а имала интервенции и на „интимните делови од телото“.

Се развеле во ноември лани и оттогаш се обидува да го пронајде „вистинскиот“, а во моментов нема момче.

Таа се надева дека нејзиниот изглед нема да ја спречи да најде искрена љубов и дека ќе пронајде маж кој ќе разбере дека таа, и покрај својот изглед, е сосема нормална и обична девојка.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини