Спасовски: Итно ќе го разгледаме предлогот за воведување ПЦР тест за граѓаните од соседството

Комисијата за заразни болести утрово предложи од утре да се воведе ПСР тест не постар од 72 часа, при влез во земјава за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

1,597

Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР  тест не постар од 72 часа за сите граѓани кои влегуваат во земјава од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора и врз основа на тоа ќе донесе одлука.

– Денеска има таков предлог од Комсијата за заразни болести, ќе го разгледаме во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесеме одлука – изјави премиерот Оливер Спасовски при денешната посета на Куманово.






Комисијата за заразни болести утрово предложи од утре да се воведе ПСР тест не постар од 72 часа, при влез во земјава за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

 

Поврзани содржини