Отворени земјоделските канцеларии во Новаци и Могила

Крајниот рок за пријавување на субвенциите е 31 јули.

267

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од  Битола ги активира своите дисперзирани канцеларии во општините Новаци и Могила за да им ги доближи услугите на земјоделците од тој крај.

Како што е соопштено, денеска почна процедурата за поднесување барања за директни плаќања за растително производство, за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.






До крајот на месецов барање за добивање финансиска поддршка може да достават и сите лица кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица. Системот е отворен и барањата се поднесуваат електронски и затоа препорачливо е земјоделците пријавувањето да го направат од дома или да користат поддршка во канцелариите на МЗШВ во Битола, Новаци и Могила

Крајниот рок за пријавување на субвенциите е 31 јули.

Поврзани содржини