Стојаноска ја посети Шарената џамија: Се обврзуваме дека ќе ја исправиме Македонија ВИДЕО

318

 

 Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 од Тетово порача дека со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе се имплементираат и двете од шест стратегиски определби на ВМРО-ДПМНЕ. А, тоа е одржување на добри меѓуетнички односи и унапредување на животната средина.






– Денес заедно со кандидатите за пратеници Фуркан, Ајдоган, Анита и Валентина ја посетивме Шарена џамија покрај самата река Пена. Шарената џамија и река Пена се едни од најубавите и најзначајните обележја на градот Тетово. Денес тие не потсетуваат и опоменуваат дека покрај тоа што се наша гордост, треба да бидат и наша обврска -, истакна Стојаноска.

Стојаноска ги потенцираше двете од шестте стратегиски определби на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, за период 2020-2024 година, а тоа се одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, и  еднаквост на сите пред законите. А, второ е заштита и унапредување на животната средина. 

– Ние се обврзуваме дека Македонија ќе ја исправиме – порача Стојаноска.

Поврзани содржини