Едниот лек за ревматски болести стасал на Клиниката и во некои аптеки

За време на вонредната состојба пациентите можеа да пратат меил со барања и адреса до Агенцијата за лекови и да им биде донесен во најблиската аптека, но сега го има. Плакинилот се дава по индикација и не е лек загрозен за третман на ковид-19 и го има сосема доволно - изјави Филипче.

544

Пациентите со ревматски заболувања може и за двата лека кои се користат да се јават или на Клиниката за ревматологија или во некои аптеки. Со сигурност лекот е веќе дистрибуиран минатата недела, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за недостиг во аптеките на лековите „Резохин“, „Плакинил“ и „Арава“ за хронични ревматски заболувања.

Тој појасни дека има две групи на лекови, едни кои се достапни кај нас и други, кои пациентите сами ги набавувале од странство.






– Плакинилот е веќе дистрибуиран и го има на Клиниката за ревматологија и го има во одредени аптеки. За време на вонредната состојба пациентите можеа да пратат меил со барања и адреса до Агенцијата за лекови и да им биде донесен во најблиската аптека, но сега го има. Плакинилот се дава по индикација и не е лек загрозен за третман на ковид -19 и го има сосема доволно – изјави Филипче.

Другата категорија, изјави Филипче, се лекови што и претходно ги немало кај нас.

– Меѓутоа многу е битно да се види дали има и соодветен друг генерички лек, што може да се користи за оваа терапија. Многу битно е како се земал лекот, кој го препишувал. Ние имаме навистина голема палета на лекови во аптекарската и на болничките листи. Може во секторот за фармација во министерството да се информираат, па да најдеме начин, ако не може со некоја од овие алтернативи да стигнат до потребниот лек – изјави Филипче.

Поврзани содржини