ЃУБРЕТО ОД КУМАНОВО ПРИВРЕМЕНО ЌЕ СЕ ДЕПОНИРА ВО ДРИСЛА Димитриевски им се извини на кумановци поради блокадата на депонијата Краста
Сметот од Куманово од синоќа привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, информираа од ЈП „Чистота и зеленило“, и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Димитриевски им се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски, на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и менаџерскиот тим на Дрисла за поддршката во надминувањето на проблемот со транспортот и со депонирањето на отпадот.
– Продолжуваме интензивно со санација на депонијата Краста и надминување на проблемот. Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок – наведе Димитриевски во објава на неговиот профил на Фејсбук.