Акцијата за наплата на долговите за вода без камата трае уште 30 дена

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање - велат од претпријатието.

236

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и трае уште 30 дена.

– Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17.06.2020 е со определен временски рок и завршува на 31.07.2020. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи – се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација.






Од претпријатијето велат поради ситуацијата со коронавирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, ги повикуваат корисниците разбирање и почитување на сите протоколи кои се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите, како и почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете.

Поврзани содржини