Крадец не успеал да ја ограби куќата, но ја повредил станарката
Жената е пренесена во Клиничката болница во Битола.
Шеесет и осумгодишна жена од Битола е тешко повредена откако ја турнал разбојник кој се обидел да ја ограби куќата во која живеела.
Жената е пренесена во Клиничката болница во Битола каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Полицијата соопшти дека настанот се случил вчера кога крадецот влегов во куќата на улица Шар Планина во Битолаа низ незаклучена врата и во една од собите се сретнал со Л.Ѓ (68) ја турнал и избегал. Од паѓањето жената се повредила и е пренесена во болница во Битола.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.