Алкохолот и дрогата се зад неа: Славната манекенка откри дека е трезна две години

1,062

Кејт Мос (46), светски позната манекенка, припадничка на златната манекенска генерација од 90-тите години, ја отвори душата за магазинот „Ел“ и откри дека зад себе ги оставила дивите забави и таквиот начин на живот. Кејт веќе две години е потполно трезна, а во најлудата фаза од нејзиниот живот беше наречена „Резервоар“, поради нејзината огромна способност да испие големи количини алкохол.

– Морам да бидам во кревет во 23 часот, го вклучуваам „Нетфликс“ и брзо да заспивам – рекла Кејт за „Ел“.






Манекенката објаснува дека само што го завршила гледањето на серијата „Сексуално образование“.

– Се будам во 8 часот наутро, но ако не спијам точно осум часа, јас сум ужасна во текот на попладнето – открила Кејт.

Новиот порок на Кејт е дневна доза на јога и денот го започнува со тоа, има и велосипед, но не го користи често. Нејзините долгогодишни пријатели и деловни соработници ја потврдија оваа приказна и објаснија дека сега многу подобро се забавуваат отколку порано, кога нивна главна рутина биле алкохолоти дрогата.

Кејт исто така објасни и како дошло до прекарот „Резервоар“. Таа веднаш по будењето посегнувала по  алкохолот, а потоа на ручек и така на целиот ден.

Во моментов е среќна и смета дека животот исполнет со луди забави е „завршена приказна“, како поради себеси, така и поради нејзината ќерка Лила (17), која ја доби во врската со Џеферсон Хак, кој многу ѝ помогна да стаса до патот на кој е сега.

 

Поврзани содржини