Манчевски: Зошто Стаменковска заборави да каже дека и во МВР има позитивни на ковид-19?

Но, очигледно дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење на паника и надеж за добивање на политички поени.

2,364

Корона вирусот не ги бира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор. Во новото нормално за кое се подготвува целиот свет, мора да бидеме спремни дека вирусот ќе го има околу нас. Наша обврска е да се заштитиме себеси и своите најблиски со почитување на мерките на здравствените работници кои се еднакви секаде, реагира министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на барањето на неговата заменичка Невенка Стаменковска да си поднесе оставка.

– Но, очигледно дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење на паника и надеж за добивање на политички поени. Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати дел од вработените беа тестирани позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби којшто сакаат да ја наметнат во јавниот сектор – вели Манчевски.






Тој апелира да ја остават пандемијата со коронавирусот надвор од политичките пресметки. Според него, поделбите, лажните вести и ширењето на паника е само на наша штета. Никоја нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат.

 


Поврзани содржини
na