Марковски: Се надеваме на колективен имунитет, а бројот на заболени ќе се намали по 25 јуни
За него, според моменталните бројки, но и претходните, околу 25 отсто од населението во Македонија имало контакт со вирусот.
Во вечерашното емитување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, гостуваше д-р Вело Марковски кој што даде свое видување за состојбата со коронавирусот во Македонија.
– Реално е вирусот да си ја намали вирулентноста, па може да се надеваме на колективен имунитет. Вакцината не е реално очекување – изјави д-р Марковски.
– Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени. Колку сме повеќе исплашени, толку повеќе панично реагираме и носиме полоши решенија – смета д-р Вело Марковски.
За него, според моменталните бројки, но и претходните, околу 25 отсто од населението во Македонија имало контакт со вирусот.
– Според моето мислење, но и мислењето на многу епидемиолози, потребни се 30 до 40 проценти за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени – вели д-р Марковски.