До утре ќе се знае какви мерки ќе се преземат за викендот

459

Комисијата за заразни болести најдоцна до утре ќе одлучи дали ќе предложи враќање на рестриктивните мерки за време на продолжениот викенд, пред христијанскиот празник Духовден.

– Одлуката ќе ја донесеме во следните неколку денови, сигурно до четврток, имајќи предвид дека и в петок има празник, кога може да се случи граѓаните да не ги почитуваат превентивните мерки. Во однос на тоа како ќе се изведе, сигурно добро ќе се разгледаат регионите, па потоа ќе разговараме со одговорни лица во МВР, кои што евентуално би го организирале сето тоа. До четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се организира движењето во текот на викендот – изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.






Тој упати пораки до граѓаните дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминувањето на оваа состојба и уште еднаш упати апел да се почитуваат превентивните мерки – носење маска, држење дистанца и често миење раце.

 

Поврзани содржини