Дизајнерот на „Луј Витон“ на удар на критики бидејќи донирал само 50 долари за кауција на демонстрантите ФОТО
Модниот дизајнер Вирџил Абло, еден од најпознатите афроамерикански дизајнери во САД, одлучил да ја поддржи борбата за правата на Афроамериканците па на Инстаграм објавил фотографија со донација од 50 долари, за што добил мноштво критики.
Додека големите светски ѕвезди донираат илјадници долари за да ги платат кауциите на демонстрантите кои беа уапсени за време на протестот за Џорџ Флојд, Абло одлучил да донира скромен износ.
– Не можам да поверувам дека донирав повеќе пари од Вирџил Абло, а јас сум невработен! – гласел еден од коментарите на социјалната мрежа Твитер.
Лавината критики и негативни реакции пристигна токму поради фактот дека донацијата на Абло е мизерна, a дека тој поседува неверојатно големо богатство. Абло се наоѓа на две моќни позиции во модата: работи како уметнички директор во „Луј Витон“ и како извршен директор на еден од најголемите брендови во модната индустрија – „Оф вајт“ (Оff-White).
ФОТО: Инстаграм