Валдир Сегато стана познат во јавноста поради своите огромни мускули, кои им ги должи на инјекциите на специјална мешавина од масло, алкохол и лидокаин, а која е потенцијално смртоносна.
52-годишниот Бразилец го навлече гневот на љубителите на бодибилдингот затоа што користи нездрави супстанции за постигнување мускулна маса.
Сегато истакнал дека негови идоли се Арнолд Шварценегер и стрип јунакот Хулк.
Тој исто така неколкупати бил предупреден и од лекар поради отровните масла што ги користи, но не сака да престане. Тој се нарекол себеси Синтол поради супстанциите што ги вбризгува во мускулите со игла.
Сегато истакнува дека спортот го спасил од проблеми со зависноста, а пред седум години тежел само 50 килограми, додека денес тежи околу 100 килограми.