Синдикатот на фудбалери на Македонија на Фејсбук објави дека повторената анализа покажала позитивни случаи на коронавирусот во два тетовски клубови Ренова и Шкендија. Четири лица од Ренова и две од Шкендија се позитивни на вирусот ковид-19.
„Денес за жал, немаме убава вест.По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба Фк Ренова и Фк Шкендија имаме позитивни случаеви на ковид-19.По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаеви. Информацијата ја имавме уште касно синоќа, но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до Фк Ренова и Фк Шкендија во текот на денот. Позитивните на ковид – 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на Фк Ренова и двајца во таборот на Фк Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига“, пишува на Фејсбук. Синдикатот на фудбалери.