Со маски и на растојание од 2 метра од денеска може и во Зоолошка градина

Бројот на посетители во Зоолошката ќе биде ограничен за да не се создава метеж, односно, во текот на еден час во градината ќе може да има до 150 граѓани.

204

Вратите на Зоолошката градина во Скопје од денеска се повторно отворени за посетителите. Граѓаните ќе може да ја посетуваат секој ден, од 9 до 16 часот, информираа од Зоолошката градина.

Бројот на посетители во Зоолошката ќе биде ограничен за да не се создава метеж, односно, во текот на еден час во градината ќе може да има до 150 граѓани.






Посетителите, ќе мора да се придржуваат на  новите протоколи за работа и движење:

  • Задолжително носење маска при влез во ЗОО Скопје;
  • Чекање ред на растојание од 2 метра;
  • Строго е забрането хранење и доближување до животните;
  • Отпадоците да се фрлаат во корпите;
  • Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта и
  • Одржување дистанца од другите посетители.

Поради пандемијата од коронавирусот скопската Зоолошка градина беше затворена 2,5 месеци.

Овој период , велат од Зоолошката градина беше искористен за дезинфекција на живеалиштата, реновирање на  делови од градината и се изградија живеалиштата за пингвини и за фламинга.

Поврзани содржини