Полицискиот час не го почитувале 104, а без маски се фатени 82 лица

Во изминатото деноноќие на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.

323

Во текот на изминатото деноноќие во земјава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи..

МВР соопшти и дека маски не носеле  82 лица и дека за  24 часа на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.






Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и  евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација.

Поврзани содржини