Променливо облачно време со повремено засилен северен ветер ќе преовладува во текот на претстојниот продолжен викенд.
Од Управата за хидрометеоролошки работи за недела попладне најавуваат локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните од 20 до 27 степени.
Понестабилно време се очекува во вторник и во среда кога температурите ќе се намалат во просек за три до четири степени.