Заев: Ќе се потпреме на Уставот и законите, ако нема одговор од опозицијата, избори на 21 јуни
Претедателот на СДСМ смета дека тогаш би можело да има нова здравствена криза, како и да се продлабочи економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19.
На лидерската средба го истакнавме 21 јуни како термин за одржување на изборите, а поддршка добивме од ДУИ, БЕСА, ДПА и Алијанса на Албанците, додека ВМРО-ДПМНЕ беше за крај на август и почеток на септември, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција,.
– Предлогот на опозицијата за избори на крајот на летото е апсолутно неодговорен – одговори Заев.
Претседателот на СДСМ смета дека тогаш би можело да има нова здравствена криза, како и да се продлабочи економската криза предизвикана од пандемијата на ковид-19.
Заев истакна што доколку не дојде до договор со опозицијата.
– Ние секако дека сакаме да имаме договор со опозицијата, а ако нема договор, тогаш остануваат уставот и законите во државата, но нема да дозволиме незаконски и неуставни избори – изјави Заев кој повторно го потенцираше терминот 21 јуни или точно 22 дена после вонредната состојба.