Економски пакет на САД од три трилиона долари

267

Претставничкиот дом на Конгресот на САД ноќеска го одобри новиот пакет мерки во вредност од три трилиона долари за поддршка на економијата.

Околу еден трилион ќе им бидат дадени на државите и локалните власти, се предвидува и создавање  на фонд од  200 милијарди долари за вработените во најважните и најоптоварени сектори, вклучувајќи ја и здравствената заштита.






Освен тоа, помошта за семејствата ќе биде зголемена до 6.000 долари, а уште 75 милијарди долари ќе бидат потрошени за спроведување на тестови за коронавирусот.

Се предвидува и поголема помош за невработеноста и за покривање на кредитите во образованието.

Поврзани содржини