Албанската „Ора њуз“ заработи казна и решение за затворање

Информацијата предизвика лавина реакции оценувајќи ја ваквата одлука како закана за демократијата која не смее да се толерира.

358

По двете едноподруго изречени парични казни за телевизијата Ора њуз, Државниот здравствен инспекторат донел решение за затворање на еден од најгледаните медиуми во Албанија.

Директорот за информации, Брахим Шима решението го смета за напад од страна на Владата врз  медиум кој „одбива да емитува подготвени вести“. Тврди дека во телевизијата нема ниту еден заразен и оти во сите простории редовно се врши дезинфекција.






– Вчера добивме парична казна која се заснова на две фотографии и тврдење дека  не  се почитувала препораката за физичка дистанца. Денеска добивме решение за затворање на телевизијата. И по многуте наши обиди немаме одговор од инситуцијата која го донесе решението,на кое имаме право на жалба во рок од 30 дена.Ова е скандалозно – револтирано изјави Шима.

Информацијата предизвика лавина реакции оценувајќи ја ваквата одлука како закана за демократијата која не смее да се толерира.

Најостра во реакцијата беше лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади која нагласи дека „Затворањето на телевизијата Ора њуз е чин на војна против слободните медиуми“.

Во првата реакција на Унијата на новинарите се наведува дека ова претставува „акт на војна против медиумите и новинари кои критикуваат“.

Поврзани содржини