Ангеловска: Пензиите нема да се намалуваат, усогласувањето е планирано
Ангеловска рече дека заклучно со април кај прибирање на придонесите има раст од 9 отсто.
Пензиите нема да се намалуваат со ребалансот на буџетот на земјава, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Во однос на пензиите нема некакво поместување во однос на иницијалниот буџет. Усоглсувањето е веќе планирано на почетокот на годината со донесувањето на буџетот и тоа ќе се реализира преку усогласување со трошоците на живот – рече Ангеловска.
Ангеловска рече дека заклучно со април кај прибирањето на придонесите има раст од 9 отсто.
– Тоа значи дека рестеле платите и придонесите се навреме уплаќани. Но со планираното намалување на приходите од придонесите во ребалансираниот буџет на ниво од 5,4 отсто ќе треба да се надополнат 3 милијарди денари од буџетот – рече Ангеловска.
Таа додаде дека во фондовите имаат доволно средства да ги сервисираат обврските кон осигурениците.