Ребалансираниот буџет ќе изнесува 3,95 милијарди евра

Дефицитот е проектиран на 6,8 отсто  БДП односно  се зголемува за 470 милиони евра ќе изнесува 750 милиони евра .

666

Ребалансираниот буџет на државава ќе изнесува 3,95 милијарди евра и ќе биде повисок од основниот  буџетот за 2020 година, информира денеска министерката за финансии Нина Ангеловска откако владата на вчерашната седница го донесе.

– Вкупните приходи се планирани на ниво 3,2 милијарди евра што е помалку за 11,5 отсто. Вкупните расходи се планирани на 3,95 милијарди евра, што е за 1,4 отсто повеќе од актуелниот буџетот – рече Ангеловска.






Дефицитот е проектиран на 6,8 отсто од  БДП односно  се зголемува за 470 милиони евра во однос на основниот буџет и ќе изнесува 750 милиони евра. Тој ќе се финансира со кредити од надвор и издавање на еврообврзница.

Во однос на економскиот раст, како што рече Ангеловска,  се очекува забавување од 3,4 отсто.

Во однос на капиталните инвестиции тие се проектирани на 19,5 милиони денари што е за 4,5 милиони денари помалку од буџетот, но како што рече министерката, е во рамки на просекот на реализираното изминатите години.

На расходната страна  планирано е зголемување од  82 милиони евра за програмите за справување со ковид-19.

– 50 милиони ерва  ќе одат за  ковид програмата на владата за зголемување на потрошувачката. 36,9 милиони евра  ќе бидат за разој на туризмот и зголемување на  домашната потрошувачка., 5,69 милиони евра за социјална заштита. Вкупно 5,69 милиони ќе одат за ковид програма на Министерството за здравство плус 5 милиони евра кои ќе бидат наменети за програмата за  откривање на заболени. Вкупно 5 милиони евра  се наменети за Министерството за образвоание за поддршка на младите и студентите, додека  2,5 милиони евра во Агенција за вработување и 1 милион евра во програмата за ковид во Министерството за економија за кредитите од Развојната банка кои ќе се користат од септември – рече Ангеловска.

 

Поврзани содржини