Коронавирусот најмногу ги погодува мажите со овие хронични заболувања

1,209

Иако од kовид-19 може да заболи секој, изгледа дека оваа болест најмногу ги погодува постарите мажи со хронични заболувања, покажало новото истражување.

Студијата, која е објавена во понеделникот во „Европскиот магазин за срце“, открива дека мажите со срцеви болести имаат во крвта поголема концентрација на одреден ензим, ензим кој го претвора ангиотензинот 2 – ACE2, отколку жените со срцеви заболувања.






ACE2 е рецептор на површината на клетките. Тој се поврзува за коронавирусот и му овозможува да продре и да ги инфицира здравите клетки откако го модифицирал друг протеин на површината на клетките, навел во соопштението д-р Адријан Ворс, професор по кардиологија на Универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија, кој ја водел студијата.

Поголемите концентрации на ACE2 може да доведат до зголемена ранливост на коронавирусот, сметаат авторите на студијата, но потребно е да се спроведат уште истражувања, особено затоа што возрасните кои учествувале во студијата не биле пациенти со ковид-19.

Високото ниво на ACE2 е присутно во белите дробови, па затоа се смета дека тој има клучна улога во напредувањето на белодробните заболувања поврзани со ковид-19, истакнал Ворс.

Поврзани содржини