Три лица починаа од ковид-19 во изминатото деноноќие во земјава, а потврдени се 20 нови забилени, соопшти Министерството за здавство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во Општата болница Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон Инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 10, Прилеп 5, Тетово 4, Велес 1.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во Скопје 12, Прилеп 7, Тетово 3, Кавадарци и Пехчево по еден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.694, бројката на оздравени пациенти е 1.229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 579, активни 129
Куманово – 410, активни 46
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 2
Прилеп –184, активни 56
Тетово – 121, активни 58
Струга – 67, активни 4
Велес – 109, активни 50
Битола –23, активни 4
Охрид –15, активни 0
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово-2, активни 2
Берово-1, активни 1
Направените 309 теста се преку: ИЈЗ 161, Ветеринарен ф-тет 16, Авицена 13, Биотек 24, Клиника „Жан Митрев“ 40, Систина со PCR метода 36 и МАНУ 19. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања на ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е еден пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште тројца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти, а на домашно лекување се следи еден. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а еден пациент се следи на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.