Британците нема да се шишаат до 4 јули

„Најрано до 4 јули нема да се користат услужните дејности како што се фризерските салони“, рекол Раб за „Скај Њуз“.

451

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави денеска дека жителите на Велика Британија нема да можат да одат на фризер, да посетуваат пабови и ресторани најрано до 4 јули.

„Најрано до 4 јули нема да се користат услужните дејности како што се фризерските салони“, рекол Раб за „Скај Њуз“.






Тој додал и дека од среда ќе можат да се вратат на работа оние кои не можат да работат од дома, како и дека оваа мала измена на мерките се однесува на градежниците и оние кои работат во производство.

Раб најавил дека комплетната листа на оние кои треба да се вратат на работа ќе биде објавена денеска кога британската Влада ќе ја објави стратегијата.

Поврзани содржини