Трамп ги разлути Русите
Белата куќа на Инстаграм објави видео снимка по повод Денот на победата во Втората светска војна, а во кое се говори само за тоа дека победници над фашизмот се само Америка и Велика Британија.
Трамповото присвојување на победата во Втората светска војна и заборавениот придонес на СССР во борбата против фашизмот, предизвикал огромен гнев во руската јавност, пренесува дописникот на срспки „Новости“.
Како што е наведено во текстот, во Москва реагирале бројни политичари, но и историчари, кои се лутат на американскиот претседател поради тоа што заборавил дека неодамна и самиот говорел за големата жртва на Русите и огромниот придонес на СССР во борбата против заедничкиот непријател.
Имено, Белата куќа на Инстаграм објави видео снимка по повод Денот на победата во Втората светска војна, а во кое се говори само за тоа дека победници над фашизмот се само Америка и Велика Британија.
На ова реагирало и Министерството за надворешни работи на Русија, кои најавило дека службена Москва има намера сериозно да разговара со Американците кои не ја претставиле улогата на СССР и немале желба да им оддадат признание на Црвената армија и на советскиот народ во борбата против фашизмот.
Во соопштението се наведува дека американската администрација ѝ противречи на заедничката изјава на претседателот Доналд Трамп и на рускиот претседател Владимир Путин, дадена на 25 април годинава по повод историската средба на советските и на американските војници на реката Елби. Таа средба во 1945 година ја симболизирала заедничката борба против фашистите.
Москва додава дека американскиот претседател Трамп ќе остане запаметен како прв кој говорел за победата над фашизмот, а притоа не ги спомнал СССР, Франција и Канада.