О’Мали: Пенс не е во карантин, денеска работи во Белата куќа

169

Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, не е во карантин и планира денеска да биде во Белата куќа, изјави портпаролот Дејвин О’Мали, реагирајќи на тврдењата на медиумите дека тој е во изолација.

– Потпретседателот Пенс ќе продолжи да ги следи советите на медицинскиот тим на Белата куќа и не е во карантин. Потпретседателот секој ден има негативни тестови и планира да биде утре во Белата куќа, рече О’Мали – наведува Гласот на Америка.






Медиумите објавија дека Пенс бил во изолација надвор од Белата куќа, откако неговиот соработник беше позитивен на тестот за коронавирус.

И Трамп и Пенс се критикувани поради тоа што не носат заштитни маски, иако тоа го препорачува Центарот за контрола на инфекции.

Поврзани содржини