Априлската плата од 14.500 денари по работник ќе легне на сметките од 21.542 компании
Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања се од угостителската дејност, 253 се туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од останатите дејности.
Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.
Владата на Северна Македонија презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места, а во подготовка е нов сет мерки, насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија.