Во април 14.000 лица во Словенија останаа без работа
Како причина за ваквите поразителни резултати се наведува епидемијата на коронавирусот и големиот пад во производството и вкупниот промет во државата.
Заводот за вработување на Словенија објави дека само во месец април 14.000 лица остана без работа.
Како причина за ваквите поразителни резултати се наведува епидемијата на коронавирусот и големиот пад во производството и вкупниот промет во државата.
Според податоците на заводот, во април како баратели на работа биле пријавени 88.648 лица, што е за 10.793 или 13.9 отсто повеќе во споредба со март.
На дел од отпуштените не им бил продолжен договорот за работа, дел биле прогласени за технолошки вишок, а останатите добија откази.
Според информациите на заводот и во услови на медицинска криза се уште на пазарот на труд најмногу се бараат заварувачи, ѕидари и возачи.