Драматично во домовите за стари лица во Англија, илјадници починати

1,107

Повеќе од 6.000 лица починаа од новиот коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во Англија за три недели, а таквата „драматична ситуација“ и понатаму се влошува иако епидемијата во Обединетото Кралство почнува полека да се намалува, соопшти Заводот за национална статистика.

Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот коронавирус, е потврден во домовите за стари и изнемоштени лица од 10 април до 1 мај, од кои 2.044 се регистрирани во послената недела од минатиот месец, покажуваат податоците кои се однесуваат само за Англија.






– Бројот на починати во земјата на дневна основа полека се намалува, што охрабрува – истакна Ник Стрип, аналитичар од Заводот за статистика, додавајќи дека болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината.

Поврзани содржини