Семејството на актерот Брус Вилис конечно се собра откако неговата сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки Евелин и Мабел се преселиле кај поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.
Актерот ги помина изминативе четири недели во карантин со Деми и нивните заеднички ќерки додека Ема била во Лос Анџелес.
Сопружниците комуницирале преку социјалните мрежи, а Ема често коментирала за фотографиите на профилот на Деми.
Се чини дека ова големо семејство се обединило токму навреме за заедно да го прослават шестиот роденден на Евелин.
Да потсетиме, 28-годишната ќерка на Деми и Брус, Скаут, објаснила како поранешните сопружници завршиле заедно во карантин.
– Мојата макеа требаше да дојде тука со моите две малечки сестри, но постарата, која наскоро треба да наполни шест години, не знаеше дека не треба да допира фрлени игли. Ги пронашла во паркот и се обидела со нив да си ја прободе патиката, но притоа се прободела во ногата – објаснила Скаут.
FOTO: Instagram