Матичните лекари бараат итен преглед на скринингот за ковид-19 во Дебар

931

Скринингот за ковид-19, кој треба денеска да започне во Дебар и Центар Жупа, да не го прават  матичните лекари, за да не се изложуваат на дополнителна опасност од пренос на вирусот, туку административците од здравствените домови да ги повикуваат пациентите, а лаборантите да земаат  крв за анализа, предлагаат од Здружението на приватни лекари на РМ.

Со одлука на Министерството за здравство, во Дебар и Центар Жупа каде беа регистрирани првите заболени од коронавирус, денеска требаше да почне скринингот со кој е планирано да се тестира 30 отсто од населението.






Во Центарот за јавно здравје во Дебар пристигнале 2.342 тестови, а според најавите тие ќе ги реализираат 17 матични лекари, матични педијатри и матични гинеколози во општините Дебар и Центар Жупа. Тестирањето ќе се врши на четири категории – од нула до 4 години, од 5 до 14 години, од 25 до 64 години и лицата над 65 години.

Претседателката на Здружението, д-р Лили Чолакова Дервишова вели:

– Нема логока матичните лекари, кои се ионака многу оптоварени, да се изложуваат на дополнителен ризик. Гледаме дека повторно има два нови случаи на заразени со ковид-19 во Дебар. И ова што досега го извршуваме во ординациите е со натчовечки напори, а не да има мешање на здрави со болни пациенти што може да се случи со скринингот. Еве и еден да има позитивен од тие 240 пациенти кои треба да се повикаат за скрининг, во опасност ќе биде матичниот лекар. Во Дебар има само 13 матични лекари, а повеќето од нив се повозрасни. Како ќе успеат да носат скафандери цела смена? Единствениот гинеколог во Дебар е колешка која има 70 години и таа сега треба да прави скрининг на 10 отсто од пациентите.

Таа предлага во скринингот да се вклучат административците од здравствените домови, кои би ги повикувале пациентите за тестирање, а лаборантите да земаат материјал за анализа.

 

 

Поврзани содржини