Спасовски: Носете маски, држете растојание од два метри и не се групирајте

478

Носете маски, држете растојание од два метри и не се групирајте, порача премиерот Оливер Спасовски кој попладнево информира за најновите мерки во борбата со коронавирусот.

Владата препорачува носење маска и држење дистанца на отворено, но маска, марама, шал станува задолжително средство за заштита во јавниот сообраќај и на други затворени јавни места, маркети, банки. Задолжително е носењето маска и на пазарите.






Тој најави дека од утре, четврток, 23 април, ќе почнат да се намалуваат рестрикциите на движењето, но сите граѓани ќе мора да носат маски или прекривка на носот и устата, ќe треба да држат растојание и да не се групираат.

– Намалувањето на мерките никако не смее да значи опуштање и неодговорно однесување ниту кој себе ниту кон семејството. Намалувањето на рестриктивните мерки значи дека се зголемува нашата лична одговорност. Многу е важно секој од нас да разбере и да почитува. Строго да го почитуваме мерките за лична заштита. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро – вели Спасовски.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.

 

 

Поврзани содржини