Чулев: МВР има доволни количини заштитна опрема, се казнуваат полицајците кои не ја носат

ој рече дека на ниво на МВР е донесена и посебна уредба за постапување и однесување на полицакците за да не се заразат.

496

МВР прва распиша тендер за заштитна опрема, а однесена е и посебна уредба за однесување на полицајците за да не се заразат со коронавирус, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев по обвинувањата од полицискиот синдикат дека полицајците немаат доволен број заштитна опрема.

– Ние први спроведовме тендер за заштитан опрема и тој се спроведува. Имаме и големи количини донации од Словенија, Унгарија…  На ниво на МВР донесовме и посебна уредба за постапување и однесување на полицајците за да не се заразат. Печатиме и памфлети кои ќе ги носи секој полицаец во кои се објаснува како се носи заштитната опрема. За случаи со понизок ризик тие треба да ностат заштитна маска и ракавици, во посложени ситуации покрај тоа ќе треба да носат и заштитни очина, а во најризични ситуации и скафандери – рече Чулев.






Тој рече и дека има дисциплински постапки против полицајци кои не носеле заштитна опрема.

Поврзани содржини