Заев: Немаме симптоми на ковид-19, мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките

387

Лидерот на СДСМ денеска на Фејсбук објави видео во кое вели дека тој и членовите на неговото семејство немаат симптоми на ковид-19, апелирајќи до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните мерки за превенција од коронавирусот.

– Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски – наведува Заев.






Тој во видео пораката додава дека очекува во текот на мај бројот на излекувани од ковид-19 да се зголемува и сите психолошки ќе се подготвуваме за враќање на животот во нормала.

– Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме меркит -, порачува Заев во видео изјавата.

Поврзани содржини