Роналдо се описменува во изолација ФОТО
„Секогаш предизвикувајте се! Мене ми дојде време да учам“, напиша Роналдо на фотографијата.
Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, објави интересна фотографија на својот профил на Инстаграм преку која ги извести фановите дека почнал да учи во време на изолацијата поради пандемијата со коронавирусот.
„Секогаш предизвикувајте се! Мене ми дојде време да учам“, напиша Роналдо на фотографијата.
Оваа сезона Роналдо настапи на 32 натпревара, постигна 25 голови и направи пет асистенции.