За период од 9 до 13 април извршени се 1.319 надзори. Од нив 514 од пазарен инспекторат и еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти. Затворени се 5 објекти сите во Скопје.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција објави податоци за период од 9 до 13 април.
Поголемиот дел од трговците, според инспекторите ги почитуваат одлуките, а таму каде има зголемување е наложено враќање на цените од 11 март.
Од АХВ се срповедени 162 надзори. Изречени се 2 мерки за неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и 19 решенија за констатација лоша општа хигиенска состојба. Изречена е глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок.