Рекордни 36,7 милиони Французи го слушале Макрон кога им рече дека ќе седат дома до 11 мај

504

Телевизиското обраќање на Емануел Макрон постигна апсолутен рекорд на гледаност, откако го гледале 36,7 милиони Французи, односно 94,4 отсто од сите гледачи, јави дописникот на МИА.

Овој апсолутен рекорд на гледаност е поголем и од финалето на Светското првенство во фудбал. Во Париз за време на говорот е забележано и намалување на потрошувачката на вода.






При ова обраќање францускиот претседател соопшти дека мерките на ограничување ќе траат до 11 мај.

Претходното обраќање на 12 март го следеле 25 милиони гледачи, додека на 16 март 35,3 милиони, а директното обраќање од болницата во Мулуз на 25 март 24 милиони Французи.

Поврзани содржини