По 15 дена, директорот на Нишкиот клинички центар ја изгуби битката со ковид-19

777

Утринава починал д-р Миодраг Лазиќ (64), директор на Нишкиот клинички центар од коронавирус, јавуваат српските медиуми.

Во сите сектори, одделенија и служби на Клиничкиот центар, утринава, точно во осум часот накратко биле прекинати сите активности. Сите доктори, медицински сестри, техничари, престанале со работа и со минута молчење му оддале почит на починатиот доктор Лазиќ.






Тој бил меѓу првите заразени лекари во Ниш и по 15-дневна грчевита борба ја изагубил битката со ковид-19.

Поврзани содржини