Свештеникот седи во автомобил, а верниците му се исповедаат преку прозорец

Од моето возило можам да се погрижам за сопствената душа и истовремено да го заштитам телото од зараза во овие штеки времиња - рекол тој.

276

Еден полски свештеник смислил нов начин како да им излезе пресрет на верниците кои сакаат да се исповедаат за време на пандемијата со коронавирусот. Како што пишуваат локалните медиуми, свештеникот Матјус Киеларски седи на паркинг во својот автомобил и ги слуша исповедите на верниците преку прозорецот од автомобилот.

– Од моето возило можам да се погрижам за сопствената душа и истовремено да го заштитам телото од зараза во овие штеки времиња – рекол тој.






Инаку, и покрај тоа што Полска важи за една од најрелигиозните држави во Европа, сепак и таму е донесена забрана за групирање на повеќе од двајца на едно место, додека, пак, миса можат да слушаат најмногу петмина.

Властите ги затворија училиштата, рестораните и трговски центри, а коронавирусот досега однесе над 100 животи во Полска.

Поврзани содржини