Лекари отишле на журка, па се заразиле со коронавирус: Директорот на болницата бесен

2,102

Една од најпрестижните болници во Јапонија упатила извинување поради тоа што 40 лекари, кои во неа стажираат, биле заедно на прослава, после што 18 од нив биле позитивни на тестот за коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Универзитетската болница „Кеио“ потврдила дека еден лекар бил позитивен на коронавирусот во текот на минатата недела, а меѓу 99. лекари кои подоцна биле тестирани, вирусот бил потврден кај 18 од нив.






Од болницата потврдиле дека 40 лекари приправници биле заедно на прослава после работа и дека притоа се заразиле 14 од нив.

Меѓу инфицираните 18 биле и оние кои не присуствувале на забавата, соопштиле од болницата.

Директорот на болницата Јуко Китагва ова го нарекол „непростлива грешка“.

Од болницата соопштиле дека забавата била организирана на 26 март, денот откако градоначалничката на Токио, Јурико Коике ги повикала граѓаните да останат дома за време на викендот и да се воздржаат од собирања.

Да потсетиме, во Јапонија денеска беше воведена вондредна состојба.

Поврзани содржини