Русија ги запира сите летови за враќање на Руси од странство

362

Русија од вечерва ги прекинува сите летови за враќање на Руси и странци во Русија, објавија некои медиуми повикувајќи се на извор од една од најголемите авиокомпании.

Според него, Федералната агенција за авијација (Росавијација) веќе испратила соодветната телеграма.






Руското Министерство за надворешни работи завчера соопшти дека 25.000 лица во странство побарале помош за да се вратат во својата земја.

Московскиот аеродром „Домодедово“ соопшти дека поради прекинот на авионските врски со странство, веќе го затворил секторот за меѓународни летови.

Поврзани содржини