Зоран Јовановски стана член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Неговиот избор го потврди и Народната банка.

1,858

Зоран Јовановски, актуелен главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања е официјално избран за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, соопшти банката преку Македонска берза.

Како што е соопштено, со неговиот избор се согласила и  Народната Банка.






Јовановски како независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка е избран на период од четири години, сметано од 30.03.2020 година.

Поврзани содржини