УПОЗ ги поздрави мерките на владата: Товарот на економската криза да го понесат пред сѐ побогатите 

236

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) ја поздравува одлуката на владата и вториот сет мерки затоа што ги прифати нашите барања и сугестии, посебно во делот на платите во јавниот сектор и јавната администрација, соопшти Синдикатот.

За Синдикатот на УПОЗ беше неприфатливо товарот на кризата, да падне на грбот на работниците со тоа што сите ќе добиеја минимална плата.






– Вчерашната одлука на владата сметаме дека е хумана и со голема доза на солидарност, со што се оствари заложбата на Синдикатот, товарот на економската криза да го понесат сите, но пред се оние со големи примања односно побогатите.

Ваквата одлука истовремено покажува дека државата и во вакви кризни моменти води сметка за стандардот на граѓаните и нивната метеријална и социјална сигурност.

Во оваа прилика Синдикатот на УПОЗ посебно сака да истакне дека јавната администрација многу често неосновано и континуирано е напаѓана од поединци и од бизнис секторот, карактеризирајќи ги вработените како неработници. Затоа Синдикатот бара да престанат таквите неосновани напади бидејќи поединечните случаи не треба да бидат правило и сите да се ставаат во ист кош.

Затоа Синдикатот на УПОЗ сака да упати порака до сите административци, особено сега, да покажат и докажат дека лошата слика за нив е наметната и нереална и да покажат дека работаат совесно, одговорно и чесно. Само така и во иднина како Синдикат ќе можеме да се залагаме за поголеми права, услови за работа и други права од работен однос, соопшти УПОЗ.

 


 

Поврзани содржини