Од коронавирус почина актерот од „Војна на ѕвездите“ ФОТО

2,151

Британскиот актер кој стана познат во филмовите „Војна на ѕвездите“ Ендру Џек починал во вторникот од последици на коронавирусот на 77-годишна возраст, потврди неговиот портпарол.

Во серијата го глумеше Калуан Емат, а зад него има остварено неколку филмски улоги. Починал во болницата  во Чертсеј, а откако било потврдено дека е позитивен за ковид-19, се појавиле компликации.






За жал, последните мигови тој не ги поминал со сопругата Габриел, која во моментнов се наоѓа во карантин во Австралија, а странските медиуми пишуваат дека дури и не разговарале пред актерот да умре.

– Тој почина утрово од последиците на ковид-19 во болницата „Свети Питер“ – рекол портпаролот Џил Меккуло. Сè уште не е потврдено дали на Ендру му е дијагностицирана друга болест.

Ендру работел и како вокален тренер за неколку добро познати филмови, меѓу кои се „Одмазници“, „Шерлок Холмс“, „Господар на прстените“ и „Луѓе во црно“.

 

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Поврзани содржини