Раперот првпат објави фотографии од синот, фановите го прашаа: Дали си сигурен дека ти си таткото?! ФОТО
Познатиот канадски рапер Дрејк објави, првпат јавно, фотографии од двегодишниот син Адонис Грахам кој го доби со бившата порно-ѕвезда Софија Брусак.
Раперот на својот профил на Инстаграм објави голем број фотографии, меѓу кои и момче како позира со него, но и со својата мајка.
„Ми недостасуваат семејството и пријателите. Не можам да го чекам денот кога сите повторно ќе се собереме“, напиша Дрејк покрај фотографијата.
Фотографиите предизвикаа многу контроверзни коментари кај неговите обожаватели, додека некои му порачаа дека неговото семејство изгледа совршено, некои забележале дека малиот Адонис воопшто не личи на своите родители.
Поради неговиот светол тен, русата кадрава коса и сините очи, некои дури се дрзнале да го прашаат раперот дали е сигурен дека тој е навистина татко на детето.
„Детето е многу слатко, но воопшто не личи на Дрејк“, „Не личи ни на мајката, а на таткото ни најмалку“, „Мајката мора да појасни некои работи“, се некои од коментарите.
– Ние сме моќни креатори, така што кога во еден момент ќе изберете да го свртите своето внимание кон нешто добро, тоа ќе ви ја покаже вашата реалност. Бидете свесни, особено сега кога нашиот страв доаѓа од другите и препознајте дека не треба вие да се грижите за сè. Смеењето е најдобриот лек, но и солзите исто така знаат да бидат моќно ослободување.
„Запомнете дека никогаш не сте сами и ако треба да се потсетите за тоа, побарајте помош и таа ќе ви биде обезбедена“, напишал Дрејк, меѓу другото.