Јавни личности, политичари и Ковид-19

Во светот, заразени се британскиот премиер Борис Џонсон, принцот Чарлс, сопругата на канадскиот премиер Софи Трудо, актерот Том Хенкс и неговата сопруга, спортистот Руди Гобер, како и потпретседателот на Иран, Ешак Јахангири.

736

Во светот до овој момент се потврдени над 700.000 заразени луѓе од коронавирусот, а меѓу нив има и политичари и јавни личности.

Дали коронавирусот е селективна болест, односно дали социјалните разлики играат значајна улога и во време на епидемија, никој не знае да каже. Но, малкумина се оние јавни личности кои лично ѝ соопштија на јавноста дека се жртви на Ковид-19.






Кај нашиот северен сосед Србија, на пример, драмската писателка Билјана Србљановиќ беше првата јавна личност која на граѓаните им соопшти дека е позитивна на коронавирусот. Во оваа земја, заразени со Ковид-19 се и државниот секретар во Министерството за живорна средина, Бранислав Блажиќ, како и потпретседателот на Народната партија и поранешниот началник на Генералштабот, Здравко Понош. Еден од заразените е и музичарот Ѓорѓе Давид, кој, пак, тврди дека на српската естрада има многу повеќе заразени, но дека никој од нив нема храброст да им соопшти на фановите.

Повеќе од 700 заразени досега се регистрирани и во Хрватска, а градоначалникот на Солин, Далибор Нинковиќ, е првиот хрватски политичар кој на својот народ преку Фејсбук му ја соопшти информацијата дека е позитивен на Ковид-19.

Меѓу заразените од невидливиот непријател е и министерот за европска политика во Република Српска, Златан Клокиќ.

Во светот, заразени се британскиот премиер Борис Џонсон, принцот Чарлс, сопругата на канадскиот премиер Софи Трудо, актерот Том Хенкс и неговата сопруга, спортистот Руди Гобер, како и потпретседателот на Иран, Ешак Јахангири.

Поврзани содржини